Рома се пофали со нов фудбалер во своите редови. Денеска го претстави 21-годишниот централен бек Роџер Ибанез кој доаѓа од Аталанта на 18-месечна позајмица со oбврска римскиот клуб да го откупи фудбалерот за осум милиони евра плус два милиони во форма на бонуси.

Аталанта го потпиша овој фудбалер од Флуминенсе за 4 милиони евра пред една година, но тој одигра само 20 минути и тоа во меч од Лигата на шампионите оваа сезона (против Шахтјор Доњецк во последното коло од групната фаза), што значи дека нема ниту еден настап во Серија А. Но луѓето од Рома процениле дека се работи за голем талент па го ангажираа, но Аталанта си направи и уште една зделка со Рома односно ќе и припаднат 10% од парите ако римскиот клуб го продаде пред 30 јуни 2024 година. А ако не биде продаден до тогаш клубот од Бергамо ќе добие награда од 1 милион евра.

Ибранез ќе го носи дресот со број 41.