Истрагата за причините на паѓањето на хеликоптерот на Коби Брајант е во тек, а се појави аудио снимка меѓу контролната кула и пилотот на хеликоптерот, односно кошаркарот.

Јасно се слуша дека тој немал добра насока поради маглата и побарал помош. На снимките контролната кула вели дека хеликоптерот кружел 15 минути, и дека тие барале некој начин за излез од оваа ситуација.

Сепак, американските медиуми пренесуваат дека пилотот направил голема грешка моменти пред несреќата.

Премногу ниско го спуштил леталото и покрај предупредувањето од контролната кула и се упати кон планинската област и набргу потоа ја погоди планината.