Во Милано за време на натпревар за 13-годишни деца, се случил скандал.

Чезано Идростар играл против Аусонија, а играчот на домашниот тим со потекло од Кина, Франческо Лин бил цел на напади со ужасни зборови.

„Никогаш досега сум немал расни навреди. Ова е 2020 година и натаму постојат луѓе кои навредуваат Кинези, црнци… Но она што не можам да го проголтам е тоа што противничките играчи ми рекоа: „Се надевам дека ќе умреш од корона вирусот“. После тоа излегов од теренот во солзи. Се извинувам на соиграчите што ги оставив“, рече Лин.

Реагирала и неговата екипа која го осудила овој случај.