Фудбалерите на Струга Трим Лум утре во Анталија, од 13:30 часот по наше време, ќе ја имаат најсилната контрола во текот на нивниот престој во познатиот спортско – туристички центар во Турција. Ривал е тимот на Арка, тим кој што во моментов се наоаѓа во средината на табелата во тамошната Прва лига.

Ова ќе биде голем предизвик за четата на стратегот Јетон Беќири, противник по мерка што се вели, токму онаков да се види до каде е вистинската форма на стружани. Се разбира дека резултатот во некоја рака ќе биде во втор план, поважно е да се види што може овој добар состав на Струга Трим Лум.

Утре против тимот од Полска, за Струга Трим Лум свое деби ќе имаат новите имиња, Седат Бериша и Фјоралб Делиај. Нема сомневање дека и двајцата многу брзо ќе се аклиматизираат во новата средина. Само ќе биде потребно и малку време.

За крај да споменеме дека утрешниот дуел со Арка, ќе биде втор во Анталија за Струга Трим Лум. На првиот стружани загубија од Ахал од Туркменистан.