Деванте Кол е син на славниот напаѓач на англиската репрезентација Енди Кол, кој некогаш беше голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед и член на онаа генерација која во 1999 година освои тројна круна (Премиер лига, ЛШ и ФА куп). Ако Енди беше неверојатен напаѓач, син му очигледно не е ни блиску до квалитетите на татко му.

Деванте денеска потпиша за Донкастер Роверс кој е деветти клуб во кариерата, а има само 24 години. Тој почна во Манчестер Сити, па играше за Барнсли, МК Донс, Брадфорд, Флитвуд, Виган, Бартон и шкотски Мадервел. Сега ќе се проба и во Донкастер.