Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ и шпанското крило Ангел Фернандез беа големи ривали синоќа во Теле2 арената во Стокхолм во битката за европското злато во финалето на ЕХФ ЕУРО 2020.

Но, по завршувањето на натпреварот клупските соиграчи во редовите на полскиот првак Келце завршија во „тимска прегратка“, а Полјаците, секако, не пропуштија да се пофалат колку се горди на своите играчи.

Фернандез заедно со Агинагалде и Алекс Душебаев, кој исто така настапуваат за Келце го освоија златото, додека Карачиќ беше дел од идеалниот тим и стигна до сребрениот медал со Хрватска.