Фото: 24sata.hr

Европскиот ракометен вице-првак Хрватска, рано утринава се врати дома, а на аеродромот во Загреб ги пречекаа околу 500-тина навивачи кои сакаа да го прослават освојувањето на сребрениот медал на ЕХФ ЕУРО.

Хрватите и Лино Червар никако да дојдат до златниот медал на едно континентално натпреварување, иако одиграа фантастичен турнир, во кој единствениот пораз го имаа токму во финалето од Шпанија.

Денеска, во 12:30 часот е главната прослава на проштадот Јосип Јелачиќ.