Во Шпанија не владее голема „фама“ околу ракометот, па така за европските шампиони имаше само скромно место во медиумите, а во Мадрид ќе нема организиран дочек на европските прваци.

Доказ за тоа е тиражниот „Марка“ кој се реши да му посвети внимание на Коби Брајант, и речиси цела насловна беше со веста за смртта за легендарниот кошаркар, а само малку место имаше за ракометот.

„Златна генерација“, стои на насловната страница на „Марка“.

Тоа што нема некоја „фама“ по медиумите и не е нешто, но да нема организиран дочек е нешто чудно за овие простори, особено што на другата страна, кај поразениот тим во финалето Хрватска, ја дочекаа 10 илјади луѓе во Загреб.