Легендарниот Мајкл Џордан со срцепарателна порака се збогуваше од Коби Брајант. Тој напиша дека се чувствува болно, и дека ќе му недосасуваат разговорите со него.

„Во шок сум по трагичната вест за смртта на Коби и неговата ќерка Џана. Зборовите не можат да објаснат каква болка чувствувам. Го сакав Коби – тој ми беше како помал брат. Често зборувавме, и ќе ми недостасуваат разговорите. Тој беше одличен кошаркар, еден од најдобрите. Коби беше и одличен татко кој ја сакаше фамилијата и одличен пример за неговите ќерки. Сакам да изразам длабоко чувство за неговата фамилија, сопруга, за Лејекерси и за сите обожователи на кошарката околу Светот“, соопшти Џордан.