Пред продолжувањето на пролетниот дел од сезоната Вардар ќе го одигра и вториот контролен натпревар. Овојпат против градскиот ривал Металург. Натпреварот е закажан за 29 јануари во СЦ „Јане Сандански”

По барање на екипите натпреварот ќе биде од затворен тип (без присуство на публика) со цел да имаат можност за испробување на повеќе тактички варијанти.

Ова ќе биде втор меч за „црвено-црните” откако на првиот го победија Еурофарм Пелистер со 32-28.

За Вардар ова ќе биде уште една можност да се испробаат сите варијантаи пред заминувањето за Германија, на петти следниот месец ќе биде гостин на Кил во 11. коло од Лигата на шампионите.

По оваа средба на домашен терен ќе игра со Мотор (15 февриари), па на гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.