По завршувањето на Европското првенство сите ги сумираат впечатоците. Дел од репрезентациите прават анализи за несупехот, дел на големо го слават успехот, а од ЕХФ се пофалија со низа рекорди, како и за технологиите кои се применуваа на овој евро-шампионат.

Кога сме кај делот на технологии, тука е мерењето на брзината на ударите упатени кон мрежите. Број еден е нашиот Филип Талески. Македонскиот репрезентативец ова ЕП го завршува како сопственик на најбрзиот шут од 141 километар на час.

“Технологијата беше толку добра што успеа да го измери најбрзиот шут во изведба на Филип Талаески од 141 километар на час“, се вели во текстот на ЕХФ.

Покрај ова, на ЕП беа урнари голем број рекорди, пред се во гледаност на мечевите во салите и пред ТВ-екраните. Деталите може да ги прочитате на овој ЛИНК.