После фијаското на Европското ракометно првенство селекторот Дидие Динар го напушти кормилото на француската репрезентација, а Федерацијата денеска го назначи Гијом Жил, кој претходно беше аситент на Динар.

Жил ја доби мисијата да го реконструира францускиот тим и да го крене после разочарувачкиот настап на ЕП 2020. Негова задача е да ја спреми екипата и да ја квалификува за Олимписките игри во Токио.