Спортскиот бренд Најк одлучи да ги повлече од онлајн продажба сите производи  кои го носат името на Коби Брајант, кој има своја колекција на патики со неговиот потпис, а и лично работеше на дизајнот.

Ваквиот потег на Најк според пишувањето на ЕСПН се должи на тоа брендот да ги спречи препродавачите да купат голем број производи, кои подоцна би ги продавале на фановите на легендата за многу повисока цена.

Најк на 7 февруари требаше да го промовира новиот модел на патики Kobe 5 Protos, но засега е непознато дали тоа ќе се случи.