Интер денеска и официјално го претстави своето најново и последно зимско засилувањем Данецот Кристијан Ериксен.

Ериксен пристигна во Милано од Тотенхем за 20 милиони евра и потпиша договор до летото 2024 година. Денеска тој веднаш беше мета нна интерес кај новинарите, особено по изборот на бројот кој ќе го носи на својот дрес.

Поточно, Ериксен се реши да го земе бројот 24 на дресот на „нероаѕурите“, а навивачите на Интер веруваат дека тоа го сторил во чест на Коби Брајант, кој трагично почина во неделата во хеликоптерска несреќа. Сепак, данскиот играч и Интер сè уште не ги потврдија или негираа овие информации.