Фудбалерите на Струга Трим Лум загубија и на вториот контролен меч за време на подготовките во Анталија. Попладнево, струшкиот прволигаш беше совладан со 2:0 од силната полска екипат Арка во меч во кој имаше по еден гол во двете полувремиња.

Полјаците поведоа со гол од белата точка во 32. минута, а стрелец беше Маркус. Во второто полувреме, одлуката за победа стигна  во 77. минута, кога Вилчински погоди и вторпат во мрежата на стружани за конечни 2:0.

Струга ТЛ имаше три добри шанси да постигне гол, но во реализаторските способности затаија Шеји, Шакири и Цветановски.

Мечот беше најсериозниот тест досега за четата на стратегот Јетон Беќири. На првиот контролен меч во Анталија, стружани загубија од Ахал од Туркменистан.

СТРУГА ТЛ: Ѓуриќ, Алити, Цаке, Тафа, Кочоски, Касами, Таири, Лена, Османи, Кировски, Рамадани.

Играа уште: Симоноски, Шеји, Бериша, Андруши, Делија, Јахија, Цветановски, Шаќири.