Интер успеа да избори пласман во полуфиналето на италијанскиот Куп откако вечерва на домашен терен ја совлада Фиорентина со 2:1. Антонио Кандрева го отвори резултатот во 44 минута, но на почетокот на вториот дел изедначи Касерес.

Само седум минути подоцна Никола Барела по еден волеј-удар ја смести топката во мрежата на гостите за победа.

А на овој меч дебитираше и новото засилување на „нероаѕурите“ Данецот Кристијан Ериксен кој влезе во игра во 66 минута на местото на Санчез. А деби направи и Виктор Мозес кој го преседе на клупата мечот со Каљари, а вечерва одигра 15 минути.

Интер во полуфиналето ќе игра со Наполи. Во другиот полуфинален меч силите ќе ги одмерат Милан и Јувентус.