Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка, како и уште седум особи го загубија живтот на 26. овој месец о Калифорнија во страшна хеликоптерска несреќа.

По шокантната вест, сопругата на Коби, Ванеса е во голем шок. Пријателка блиска на семејството Брајат за тамошните медиуми зборуваше за нејзината состојба.

„Иако имаа доста падови и подеми, сепак беа сродни души. Во него гледаше доживотен партнер. Ванеса е целосно скршена. Не може да доврши ниту една реченица, без да почне да плаче. Но, сепак се прави за да биде заедно со своите девојчиња, знае дека мора да биде силна. Постојано е со луѓе кои ја сакаат, има голема поддршка“.

Коби имаше уште три ќерки во бракот со Ванеса, најмалата е Капри која има само седум месеци.