Тренерот на Црвена Звезда, легендарниот Дејан Станковиќ по мечот истакна дека очекувал сосема поинаква игра од Вардар, барем од она што го гледал на минатите мечеви.

„Се беше добро, недостасуваше само гол. Во првиот дел недостасуваше завршен пас, во другото гол. Вардар е подолго од нас на подготовки, можеби се малку уморни, и се одлучија денеска да игра поинаку од минатите мечеви. Денеска 23 играчи беа на терен, немам што да им замерам на моите момци. Вардар се бореше, истрча многу, а на нас само гол ни недостасуваше. Верувам дека ако го постигневме, ќе дојдевме до победата“, рече Станковиќ.