Зоран Гобац се повлекува од улогата на кординатор во машкиот ракомет во Хрватска. По освојувањето на сребрениот медал на ЕП одлучи да се повлече од оваа функција која ја извршува од самиот почеток на хрватската репрезентација. Оваа одлука ќе биде потврдена на ОУ на ХРС кој ќе се одржи за неколку дена.

Според информациите кои доаѓаат од оваа земја. Оваа улога ќе ја превземе досегашниот селектор, Лино Червар, кој во иднина ќе одлучува кои ќе бидат селектори на сите ракометни репрезентации.

Никој не се соменува дека Лино ќе направи добар избор. Но, како што велат хрватските медиуми, тој ќе биде на „кормилото“ на тимот во квалификациите за ОИ Токио, како и доколку неговите момци успеат да се пласираат.

По завршување на Олимписките игри, искусниот стратег ќе го именува својот наследник.