Вардарци преку капитенот Филип Гачевски се огласија по повод проблемите, и соопштувањето на одлуката за повлекување од страна Сергеј Самсоненко од финансирање на фудбалскиот клуб. Капитенот на Вардар на својот Фејсбук напиша дека ќе ги одработат подготовките, и дека нема да дозволат да се брука името на Вардар.

„Ние играчите на ФК Вардар соочени со проблемите, решивме да ги одиграме последните два натпревари во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар, надевајќи се на позитивно решение за нашата иднина. Ова е официјално соопштение на сите играчи и на стручниот штаб на Вардар“, напиша Гачевски.

Првично играчите бараа итно враќање во Скопје, но денеска одлучија да ги одработат подготовките до крај, а потоа да се види што ќе се случува.