Норвешкиот тим Сарпсборг, го промовираше македонскиот голман Давид Митов-Нилсон за свој нов член.

Она што вчера го најавивме, денеска се оствари, и македонскиот чувар на мрежата практично ќе ја „оживува“ својата кариера, по серијата на повреди.

Минатите шест месеци овој голман ги мина во Сундсвал како позајмен, но овој тим испадна, а не сакаше да се врати во Норчепинг, па продолжи кон Норвешка. За него имаше интерес и од Гетеборг.