По три последователни порази, кошаркарите на Реал (М) успеаја да се рефабилитираат со голема победа на гостувањето во Израел против еден од најдобрите тимови во Евролигата и оваа година. Макаби ТА не успеа да најде начин да ја продолжи црната серија на гостите и загуби пред своја публика со 77:81.

Одlичен меч кај Реал одиграа Рандолф и Козер кои беа предводници до оваа нова победа, иако во финишот домашните се обидоа да донесат мала неизвесност, кој абрзо беше расчистена. Рандолф средбата ја заврши со 19 поени, а Козер и Томпкинс постигнаа по 12. Кај Макаби неверојатен беше Вилбекин кој постигна 21 поен.

Кошаркарите на Олимпијакос вечерва пред своја публика ја совладаа Басконија со 80:70. Играч на мечот кај домашните беше Рубит кој заврши со 19 поени.

Претходно, кошаркарите на Фенербахче направија огромен пресврт на средбата кај Алба и на крајот славеа со 74:70. Важно е да се спомене дека домашните имаа убедлива предност по првиот дел и се чинеше дека се подготвени за голем резултат. Сепак, Фенер одигра импресивни втори 20 минути во кои направи разлика од 12 поени и на крајот успеа да слави.

Standings provided by Sofascore LiveScore