Стефан Ристовски и Бруно Фернандеш имаа емотивно збогување. Заедно беа три години, а сега Португалецот оди во Манчестер Јунајтед. Многу мигови минати заедно, а во еден миг Фернандеш доби и дрес од Македонија.

„Три години заедно. Прекрасни моменти кои нема никогаш да ги заборавам. Ти благодарам што ме правеше среќен.“, напиша Ристовски.