Неверојатна е статистиката на футсал натпреварот меѓу Македонија и Велс, кој се одигра вечерва во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонија минимално славеше победа со голот на Дандан во 23. минута од средбата. Меѓутоа нашата селекција имаше дури 47 удари, од кои дури 17 беа во рамките од голот, а падна само еден гол. Велс само шест удари кон голот на нашата селекција.

Наспроти тоа, 13 шута беа блокирани, Македонија изведе 16 корнери, наспроти 4 на Велс.

Следниот меч на Македонија е со Норвешка, а утре ќе играат Норвешка и Велс.

Ова е прелиминарна рунда на квалификации за пласман на ЕП.