Нашата футсал репрезентација, предводена од старо – новиот селектор Васко Скендеровски, вечерва ќе стартува со прелиминарните квалификации за ЕВРО 2022 година. Македонија се наоѓа во групата И, а во неа покрај нашата селекција се и репрезентациите на Велс и Норвешка.

Избраниците на Скендеровски првиот меч го играат вечерва и тоа против Велс. Додека во сабота играме против репрезентацијата на Норвешка. И двете средби се закажани со почеток во 19 часот, а се игра во малата сала во „Јане Сандански“ во Скопје.

Во групата И, во која се наоѓаат три репрезентации, само првопласирана селекција ќе избори директен пласман во елитните квалификации, додека второпласирана ќе бара место преку баражот.

НАТПРЕВАРИ – ГРУПА „И“ СКОПЈЕ

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС (19 Ч) 30.01.2020

ВЕЛС – НОРВЕШКА (19 Ч) 31.01.2022

МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА (19 Ч) 01.02.2022