Очајно второ полувреме и нов пораз. МЗТ Скопје Аеродром по киксот кај Сплит во минатото коло, денеска во празната сала на СЦ „Јане Сандански“ го загуби и дуелот со екипата на Хелиос Домжале (85:89)

Иако почнаа добро и во првиот дел имаа одлична предност, стартот на вториот дел и третата четвртина донесоа комплетен пресврт. Додека аеродромци се обидуваа да влезат во второто полувреме и со шут и со игра во одбрана, гостите ја искористија дадената шанса, направија +10 и со предност од еден поен влегоа во финалниот период.

МЗТ не успеа да се опорави и по последните 10 минути, со што Хелиос умешно ја одржуваше предноста која во финишот порасна на 7 поени. На крајот „штрковите“ реализираа за 85:89 што беше и конечен резултат на дуелот.

Ова беше шести пораз на МЗТ Скопје А. во АБА 2 лигата сезонава и дури трет во последните четири меча. Хиндс со 18 и Дамјан Стојановски со 17 поени беа најефикасни кај нашиот шампион.

Standings provided by Sofascore LiveScore