Трикратниот светски првак Хорхе Лоренцо може да се врати во Мото ГП следната сезона, откако Јамаха го најави Шпанецот како нов тест-пилот.

32-годишниот возач се повлече од мото-натпреварите минатата година, главно затоа што претежно беше повреден. Лоренцо е шампион во Мото ГП во 2010, 2012 и 2015 година со Јамаха.

„Засега не планираме вајлд-кард тестови за Лоренцо, но сме отворени и за таа можност“, велат од Јамаха, каде сезоната како први возачи на тимот ќе ја почнат Маверик Виналес и Валентино Роси.