До Академија Пандев стигна понуда за репрезентативецот Ѓорѓи Стоилов. Станува збор за интерес од Летонија, од тимот на РФШ кој дава 50.000 евра обесштетување, и договор на 2,5 години.

Сепак, мала е веројатноста дека „Академците“ ќе го пуштат својот фудбалер, со оглед дека понудата е ниска, а станува збор за еден од најдобрите не само во екипата, туку и во целата Прва лига, а згора на тоа е репрезентативец.

Стоилов ќе остане во Академија барем до крајот на сезоната, кога ќе има нов обид да биде продаден во странство.