Генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка се присети на драматично искуство за време на еден лет со хеликоптерот на Коби Брајант. Тој открива дека легендарниот кошаркар веќе имал лошо искуство, но со среќен крај.

„Во еден момент се погледнаа со пилотот, Коби му даде знак. Во еден момент моторот престана да работи. Цел живот ми се премота пред очи, за малку ќе доживеев срцев удар. Коби смирено седеше покрај мене“, се присети Пелинка и додаде:

„По неколку моменти на целосна паника во мојата глава, пилотот го запали моторот и продолживме со мирен лет“.

Колку за овој функционер значи Коби договолно говори неговата изјава:

„Коби е кум на мојата ќерка. Живееме на иста улица и многу време поминувавме заедно“.