Американката Софија Кенин е победничка на годинешното издание на првиот Грен Слем турнир, Австралија опен. Младата Американка родена во Москваво женското финале на турнирот славеше над Шпанката Мугуруза со 4:6, 6:2, 6:2.

21-годишната Кенин до победата дојде за 2 часа 5 минути.

Откако го загуби првиот сет со 6:4, се чинеше дека Кенин тешко ќе успее да се врати во игра за својата прва Грен Слем титула, но начинот на кој го одигра вториот сет и ја остави противничката на само два освоени гејма го најави можното изненадување.

Со извонредна игра и во последниот сет Софија, која во детството од Русија се преселила во САД и ја почнала својата професионална тениска кариера, успеа да се израдува на големиот триумф.  Машкото финале меѓу Ѓоковиќ и Тим е закажано за утре во 9.30 часот.