Изненадување во последните минути од преодниот рок во француската лига. Лил се пофали со ангажман на аргентинскиот репрезентативец Николас Гаитан кој се враќа во Европа после настапот за Чикаго Фајр минатата година.

Гаитан ќе игра за шести различен клуб во шеста различна држава. Беше член на аргентинскиот Бока Јуниорс, па португалската Бенфика, шпанскиот Атлетико Мадрид, кинескиот Даилан и лани на американскиот Чикаго.

Во Лил доаѓа како слободен фудбалер, што значи дека популарните „кучиња“ нема да платат ни евро за отштета.