Ќе зборувам директно од срцето“, порача Леброн Џејмс на теренот пред да го почне својот говор за својот пријател Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа минатата недела.

Оваа недела сфатив каква фамилија претставува овој клуб. Не само поради играчите, туку и стручниот тим, менаџментот, но пред се поради сите фанови. Во овие моменти, мораме да се држиме сите заедно. Оваа вечер е славењето на животот и кариерата на Коби. Крв, пот, солзи, скршено тело и враќање на теренот. Го славиме животот на човек кој дојде во клубот како 18-годишно момче, а се пензионира како легенда на 38 години. Делевме неизмерна желба за победа. А многу ми значи што сум овде, бидејќи со моите соиграчи, можам да го продолжам она што тој го остави во наследство и да ја играме најдобрата кошарка. Тоа е она што тој го сака“, рече меѓу другото Леброн.