Иако до мечот со Косово има уште речиси два месеца, фановите од Македонија, кои најавија обединување на навивачките групи, полека, но сигурно се подготвуваат. Посебно „Комитите“ кои во својата најава порачуваат дека на Западната трибина ќе грми, а дека собирот на сите навивачки групи ќе биде на плоштадот во Скопје. Па од таму со најголемо досега кортео ќе се оди кон Арената. Тие на својата објава на ФБ ја имаат и добро познатата песна „Излези момче…“, како што велат пуштена на најако.