Нашата футсал репрезентација вечерва е поразена од Норвешка со 1:2 во решавачкиот меч за првото место во групата И за пласман во елитните квалификации за ЕВРО 2022. Со тоа сега ќе мораме низ бараж да се надеваме дека сепак ќе ја оствариме целта.

Се добро почна за избраниците на селекторот Васко Скендеровски. Поведовме со 1:0 со голот на Крстевски во четвртата минута, но гостите со головите на Педерсен во 22. и Рагвак во 37. минута, сепак успеаја да
дојдат до победата.

И овој меч се играше во малата сала на „Јане Сандански“ во Скопје.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА – ГРУПА И
1.Норвешка 6 бодови
2.Македонија 3
3. Велс 0