Мечот меѓу Работнички и ФМП кој попладнево се игра во „Градски парк“ започна со минута молчење во чест на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Ликот и делото на Буштур имаат оставено голема трага во тимот од „Градски парк“ и како поранешен играч, но и како тренер, а двата тима и публиката во салата му оддадоа почит пред почетокот на мечот.

На трибините исто така се најде и транспарент со неговото име.