Тоа е тој Лино Червар. Не само што не се извини јавно на пцостите кои ги упати кон нашите судии Николов и Начевски во финалето на ЕП, тој уште повеќе ја „разгорува“ приказната. Имено селекторот на Хрватска вели дека неговата селекција загубила од Шпанија поради судиските неправди.

Патетика е најголема кај него, зошто само на нему својствен начин, ги „става“ другите да „одработат“ за него. Го знаеме Лино, ова не е ништо ново од него.

Велиме патетичен зошто, како што вели во интервјуто за „24sata.hr“, му се јавиле некогашни судии, едни од најдобрите во светот, и му кажале дека Хрватска е украдена во финалето, дека најмалку во десест случаи се судело во корист на Шпанија. Ама Лино е нели „фраер“, не ги кажува кои се тие судии. Веројатно не ни постојат. Го знаеме Лино и неговата патетика.

Уште нешто од „кујната“ на Лино…

Македонците ми дадоа и државјанство, како благодарност за се штo направив за нивниот ракомет, но ете, ми го украдоа златото“ вели Лино во интервјуто.