Кога се појави на фудбалската сцена во 2015, Емре Мор го нарекуваа „турскиот Меси“. Момчето кое е родено во Копенхаген, но со турски корени, првпат на профи-фудбалската сцена се појави во дресот на Нордсјеланд. Воодушеви после само неколку настапи, што беше доволна причина неколку европски клубови да загризат за овој играч со слична конституција како и Меси. Борусија Дортмунд победи во трката но бргу стана јасно дека не е тоа што многумина мислеа.

Тотално се изгуби на фудбалската мапа. По само една сезона во Борусија, 12 првенствени натпревари, беше продаден на Селта во 2017 година. А и Селта не се воодушеви од неговиот ефект, само еден гол во 33 меча… Тоа е премалку за крилен напаѓач…

Лани беше позајмен во Галатасарај, а Турците го вратија назад. Сега ќе игра за грчкиот Олимпијакос. Таму ќе се обиде да ја оживее кариерата која место нагоре тргна надоле. А има и време за да се поправи. Има само 22 години…

И за крај после неколку настапи за младите селекции на Данска, Турција се избори да го добие. Заигра за сениорскиот тим во 2016 и до сега запиша 15 настапи и еден гол.