По смртта на Коби Брајант бројни кошаркари во НБА-лигата на свој начин се обидоа да му одадат чест на легендата на ЛА Лејкерс.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис одлучија да направат тетоважи како последен поздрав.

Џејмс истетовира „Црна Мамба“ со броевите 24 и 8, со натпис „Мамба 4 Life“, денеска и Дејвис ја покажа својата посвета. И тој ја истотевира „Црната мамба“, но на поинаков начин.