Првиот човек на Фиорентина, со „огнени стрели“ кон Јувентус после нивниот меѓусебен дуел и двата досудени пенали за тимот од Торино. Роко Комисо жестоко го нападна судијата Паски.

„Нема потреба на Јувентус да му помагаат судиите, не може да се видат вакви работи, лут сум. Првиот пенал можеби и беше, ама вториот никогаш“, рече Комисо.

Веднаш после тоа следеше реакција од Јувентус, од Павел Недвед.

„Премногу се зборува за Јувентус, како Јувентус не победува заслужено, многу сме изморени од тоа. Јувентус до резултатите и титулите доаѓа со добра игра, работиме на терен и секој меч одиме на победа. Нека престанат да бараат алиби после секој меч со Јуве“, рече Недвед.