Саса и Осогово, денеска попладне во Каменица, во пријателски натпревар одиграа 2:2. Тоа беше добар, интересен натпревар, со четири голови. Едноставно имаше што да се види во текот на сите 90 минути. За домашната екипа стрелци беа Здравков, а автогол си даде Анеловски, додека за гостите од Кочани головите ги постигнаа Каклински и Паунов.

Според извештаите од Каменица, фудбалерите на Саса во поголем дел биле подобар противник, но во финишот тренерот Мите Митев се решил да направи неколку измени, па затоа и на крајот резултатот бил 2:2.