Утринава Струга Трим Лум и дефинитивно заврши со десетдневните подготовки во Анталија. Експедицијата се одјави од хотелот „Гранд Парк“ во месноста Лара, каде играчите и стручниот штаб во целост го одработија се она што беше планирано. Одиграа четири меча, со Ахал (0:2), со Арка (0:2), со Кикер Офенбах (0:0) и со Младост Лучани (1:1). Секако дека резултатите не се најважни, во преден план е воиграноста, а тоа како што велат од клубот од Струга, е во преден план. Сега останува да се доработат финесите, и да се дочека стартот на пролетниот дел од тековната сезона. Инаку експедицијата на Струга преку Истанбул ќе пристигне дома доцна вечерва.