Екипата на Леванте лесно го изгуби дуелот со Барселона на „Ноу Камп“ во 22.коло на Ла Лига. Тимот од Валенсија во првиот дел од шампионатот го победи шампионот со 3:1, но вечерва немаше моќ да го повтори подвигот. Барса лесно ги освои бодовите (2:1) и им се врати на победите после неуспехот против Валенсија во претходното коло. Леванте влезе во криза затоа што го впиша четвртиот првенствен пораз по ред, а исто така испадна и од Купот на кралот.

Вечерва блескаше тинејџерот Ансу Фати кој ги постигна двата гола и тоа во првото полувреме и тоа во период од две минути (30 и 32 минута). И во двете ситуации асистираше Лео Меси. Тоа се првите првенствени голови на Фати во 2020 година, а тој има вкупно пет во досегашниот дел од сезоната. 17-годишниот напаѓач е најмладиот кој реализирал два гола во еден меч од Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 80 минута. Во последните секунди од мечот Рошина со силен шут од далечина и кикс на голманот Тер Штеген го погоди голот за ублажување на поразот.