Усман Дембеле веќе подолго време е надвор од терените поради повреда. Минатата недела почна да тренира со тимот, за две недели требаше да биде во составот на Барселона.

Но, по денешниот тренинг работите се променија. Дембеле порано го напуштил тренингот поради болки во десната нога.

Нема официјални информации за каква повреда станува збор и дали ќе биде одложен неговиот кам-бек.

Оваа сезона тој одигра вкупно девет меча во сите натпреварувања и постигна само еден гол.