„АС“, открива дека во редовите на Барселона минатата недела на еден од тренинзите се случило голем скандал. Главни актери биле Меси и Пике.

До конфликтот меѓу двете каталонски ѕвезди дошло откако еден од овие фудбалери се однесувал несериозно, што пак предизвикало револт кај другиот. Според овој шпански медиум дошло до голема расправија, која морале да ја прекинат нивните соиграчи.

Во таборот на Барселона владее големо незадоволство и покрај тренерската смена, тимот се наоѓа на второто место на табелата на три бода зад Реал Мадрид.