Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, призна дека бил уверен дека Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата уште во ноември. „Црвените“ имаат предност од 22 бода пред второпласираниот Манчестер Сити и всушност само теорија може да ги спречи да го кренат шампионскиот пехар по голема пауза.

„На почетокот на ноември знaев дека Ливерпул е шампион, го имав тоа чувство. Знам колку е тешко да се освојат титули во Премиер лигата едно по друго. Тешко е. И покрај се, Манчестер Сити продолжува да биде фантастичен тим. Фантастичен тим, фантастични играчи, фантастичен менаџер“, изјавил Португалецот.