Осум дена по трагичната смрт на Коби Брајант во хеликоптерската несреќа од пред „Стејплс“ центарот отстранет е храмот, кој го создадоа илјадници навивачи и обожаватели на легендата на Л.А Лејкерс.

Тие спонтано се собираа пред салата и оставаа дресови, подароци, разни пораки и цвеќиња во негова чест, а тие предмети сега се собрани и ќе и бидат испратени на сопругата на Брајант, Ванеса, додека цвеќињата ќе бидат претворени во компост и расфрлани низ зеленилото во близина на салата.

Не е познато што планира да направи семејството Брајант со подароците од фановите со оглед на тоа дека Ванеса Брајант во неколку наврати бараше навивачите да престанат да носат подароци и цвеќиња и доколку сакаат да сторат нешто тоа да го направат преку спортската фондација „Мамба“, која Коби ја отвори за да им помогне на младите спортисти.

Можно е дел од работите да бидат продадени на аукција и сретствата да се наменат за Фондацијата.