Подзаборавениот италијански фудбалер Џузепе Роси, би можел во следните денови да се врати на терените, по пауза од една и пол година. Роси после 2018 година нема играно фудбал, откако последен пат беше дел од Џенова.

Меѓутоа сега за неговите услуги се интересира Спал, кој очајно бара напаѓач, а изборот паднал на искусниот фудбалер.

Роси во минатото играше за Манчестер Јунајтед, Виљареал и неколку други клубови.