Се чини дека Аријан Адеми и натаму ќе го носи дресот на Динамо. Ќе ја носи и капитенската лента на „модрите“. Хрватскиот гигант му понуди нов договор, а тоа значи дека нашиот репрезентативец и дефинитивно оваа зима нема да прави трансфер во Бетис или ОАЕ, во тимот на Ал Наср.

Тој во мега – интервјуто за Јутарњи, ги кажува своите желби за во иднина, за тоа дека е среќен во Динамо Загреб и дека има уште многу цели  неостварени.

Покрај другото играчот за врска на нашата репрезентација го кажа и следното…

„Во март играме полуфинале во Лигата на Нации, ако го минеме тогаш следува финале. Не кријам дека една од моите желби и цели напролет, е со репрезентацијата на Македонија да настапам на ЕВРО 2020“ потенцирал Адеми.

Колку е коректен Аријан Адеми говори и следната негова изјава.

„Јавно му се извинувам на Крунослав Јурчиќ, тренерот на Ал Наср. Со него беше се договорено, трансферот речиси да беше реализиран, па јас изјавив дека се селам во ОАЕ, но ете се случи тоа што се случи, сфатив дека тоа не е за мене. Не беше тоа во ред од мене кон Круно, и еве уште еднаш да му се извинам“ рече за Јуарњи Аријан Адеми.