Официјалното деби на клупата на Вардар за Стевче Алушовски е со пораз од 11 гола, 34:23 од Кил во „Шпаркасе“ арената.

„Црвено-црните“ се држеа во најголемиот дел од мечот, но паднаа во клучните моменти и тоа ги чинеше нов тежок пораз во групата Б. Алушовски секако, не може да биде задоволен.

„Не сме среќни, игравме добро 45 минути, но последните 15. минути беа комплетна катастрофа за нас. Се обидовме да играме со пократки пасови, но направивме многу грешки кои Кил знаеше да ги казни. На крај не ни остана да направиме ништо друго туку спортски да го честитаме поразот. Не сме задоволни, но мора да продолжиме да гледаме напред и да работиме да се покажеме во подобро светло во дуелите кои ни претстојат“, изјави по мечот тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.