За разлика од Борусија Дортмунд, Баерн Минхен не се посрамоти во Купот на Германија. Вечерва во рамките на осминафиналето „баварците“ го елиминираа Хофенхајм со 4:3 и покрај тоа што на почетокот на мечот губеа со 1:0 со автоголот на Боатенг. Работите на почеток ги постави Хубнер со автогол, а до крајот на полувремето Томас Милер и Роберт Левандовски направија предност од 3:1 што беше недостижна за тимот од Зисхајм. Во финишот на мечот Левандовски постигна уште еден гол за 4:1, додека Хоф ублажи со головите на Дабур.

Баерн во следната рунда ќе се соочи со Шалке кој вчера ја елиминира Херта по продолженијата.

Во четвртфиналето ќе игра и Баер Леверкузен кој со 2:1 го победи Штутгарт за кого вечерва не настапи Дарко Чурлинов (преседе на клупата). „Фармацевтите“ доминираа имаа многу шанси (неколку поништени голови), а во 71 минута голманот на Штутгарт во обид да ја исфрли топката го погоди протиничкиот играч пред него по што топката заврши во неговата мрежа. А десет минути подоцна Аларио зголеми на 2:0, а утешниот гол за „швабите“ го постигна Вамангитука.

Во идното коло Баер ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.

А во следната фаза се пласира и Унион Берлин кој со 1:0 го победи третолигашот Ферл во гости.